ОЈО: Остатоците од урнатиот авион се подигаат и пренесуваат за натамошно вештачење

од desk3
173 прегледи

 

Во тек на вчерашниот ден заврши снимањето со дрон на местото каде се случи авионската несреќа во близина на с. Кожле, скопско. Во вечерните часови се изготвени снимките и предадени на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.

download

 

Снимките во корелација со останатиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на Јавните обвинители и стручните лица од формираниот тим за истрага на авионската несреќа.
Во тек на вчерашниот ден во Институтот за судска медицина се пренесени телата на шестмината починати патници од авионот. По наредба на Јавен обвинител ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНА анализи.
Денеска на местото на настанот екипите работат на подигање и пренесување на остатоците од авионот кои вчера во текот на увидот беа означени и обезбедени. Остатоците и другиот материјал ќе бидат пренесени на локација обезбедена од Основното јавно обвинителство Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење.
Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

Слични содржини