Плишкова и Кербер во женското финале на УС Опен

од Vladimir Zorba
126 прегледи

 

 Каролина Плишкова (10.носителка) од Чешка и Анжелик Кербер (2.носителка) од Германија ќе играат во саботното женско финале на УС Опен во Њујорк. Ноќеска двете тенисерки ги совладаа своите ривалки во полуфиналните мечеви.46088-pliskova-ceska

Изненадувањето го направи Плишкова, која ја победи првата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2-0 во сетови (6:2 и 7:6 (7:5)). За  Плишкова ова е најдобар резултат на Грен слем турнир бидејќи досега успеваше да стигне само до 3.коло.
Кербер во второто полуфинале со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) ја победи Каролине Вознијачки и се избори за своето трето Грен слем финале (сите во 2016 година). Победи на Австралија Опен, а загуби на Вимблдон. Без разлика на исходот во финалето Кербер од понеделник ќе биде тенисерка број 1 на ВТА листата.
kerber_2
Вечерва се играат машките полуфинални мечеви Новак Ѓоковиќ – Гаел Монфис и Стан Вавринка – Кеи Нишикори.