Телефон експлодира и уништи автомобил, соопшти Еј Би Си њуз. Инцидентот се случил во американската држава Флорида.
Сопственикот на Jeep-от изјави дека го оставил во автомобилот телефон Samsung Galaxy Note7 кој експлодирал и го предизвикал пожарот.

Веста доаѓа неколку дена откако компанијата објави дека ја прекинува продажбата на овие телефони токму заради ваквите инциденти.
Натан Дорнакр го оставил телефонот да се полни. Малку подоцна неговиот нов апарат – купен само пред четири дена – го предизвикал огнот.
https://youtu.be/utHRQtuzuYo
“Автомобилот ми е уништен. За среќа нема повредени луѓе “, изјави Дорнакр. Пожарникарите ги истражуваат причините за инцидентот. Од Samsung изјавија дека безбедноста на потрошувачите е нивен приоритет.