Фејсбук ја повлече забраната за објавување на фотографијата „напалм-девојчето“

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Откако уредникот на најтиражниот норвешки весник „Афтенпостен“, Еспен Егил Хансен упати отвореното писмо до шефот на Фејсбук, Марк Зукерберг, од Фејсбук одлучија да ја повлечат одлуката за забрана за објавување на една од најпознатите воени фотографии – на голото девојче кое бега од бомба во текот на војната во Виетнам.

09092016214148_web_фук[1]

„Размената на фотографиите ќе биде дозволена поради нејзиното историско значење“, стои во соопштението од Фејсбук.

Фотографијата е направена од фотографот Ник Ат во 1972 година, а на неа се гледа 9-годишната Ким Фук како бега од напалм бомбите, а нејзиното голо тело е покриено со изгореници.

Фотографот за оваа фотографија ја освои и Пулицеровата награда.

Фотографијата беше избришана од Фејсбук, а на уредникот на норвешкиот весник привремено му беше забранет пристап до својот Фејсбук профил.