Ѓоковиќ: Беше чуден натпревар

од desk3
117 прегледи

“Тоа беше еден чуден натпревар, но Гаел е непредвидлив играч”, коментира светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ по победата над Гаел Монфис во полуфиналето на Отвореното првенство на САД.

638-397-dzhokovich-monfis

Србинот победи во 4 сета и се пласира во финалето во Њујорк за 6-ти пат во последните 7 години.

“Бев целосно изненаден кога тој одеднаш почна едноставно да ја враќа секоја топка и да ме помине, кога јас излегувам на мрежата. Во третиот сет инерцијата се сврте во негова корист. Тој ја почувствува својата шанса и публиката го поддржа “, коментира Ѓоковиќ по средбата.

“Јас сепак успеав да ја задржам самодовербата во 4-от дел и да го затворам натпреварот на добар начин”, додаде Џокераот кој ќе се соочи со Стен Вавринка во неделното финале.