(ВИДЕО) USB Killer 2.0 поразува секаква техника

од desk3
83 прегледи

Програмери од Хонгконг го пуштија на пазарот УСБ USB Kill 2.0, која го уништува секој уред кога ќе се стави во USB портот. Се тврди дека УСБ-убиецот го поразува подеднакво ефикасно хардверот на РС-а, телевизори, плеери и друга техника. По ставањето во USB портот, уредот ќе престане да работи и не реагира при повторен обид за вклучување.

1473499711-usb-kills-top

USB Kill 2.0 е достапно за купување по цена од 49,95 евра по целиот свет. Тест примерок, кој само го покажува принципот на работа, без да ја оштети техниката, чини 13,95 евра.

Според инвеститорот, 95% од уредите со USB порт, не издржуваат нагли флуктуации во напојувањето. Токму од тоа профитира USB Kill 2.0 – вметнато во портот, ги оптоварува брзо своите кондензатори и потоа исто толку брзо ги разредува во шината за пренос на податоци.

Екстремниот процес се повторува неколку пати во секунда, додека техниката не изгори. УСБ-то може да се користи неограничен број пати.