![]()
Во дерби натпреварот од 4.коло на Премиер лигата, екипата на Манчестер Сити како гостин славеше победа над градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2:1.
Сите голови попладнево на „Олд Трафорд“ беа постигнати во првото полувреме. „Граѓаните“ поведоа со 2-0 со головите на Кевин де Бруин (15.минута) и Келечи Иханачо (36.минута). Конечниот резултат го постави Златан Ибрахимовиќ во 42.минута.
За „граѓаните“ ова беше максимална четврта победа од почетокот на сезоната, додека „црвените ѓаволи“ го претрпеа првиот пораз.
На другите денешни натпревари од 4.коло во Англиското фудбалско првенство играат:
Арсенал – Саутемптон,
Борнмут – ВБА,
Барнли – Хал,
Мидлсброу – Кристал Палас,
Стоук – Тотенхем,
Вест Хем – Вотфорд и
Ливерпул – Лестер.
Утре Челзи му гостува на Свонси, а колото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата Сандерленд – Евертон.
Табела: Манчестер Сити 12 бодови, Челзи 9, Манчестер Јунајтед 9, Евертон 7, Хал 6,…/извор а1он