Воведуваме програма за извлекување од сиромаштија. Секое четиричлено домаќинство кое што е во социјален ризик ќе добие 12000 денари. Ова програма ја воведуваме во три фази почнувајќи од 2017 година. Ќе ги намалиме даноците и за најсиромашните, зашто така е праведно. На овој начин ќе направиме постојано да се намалува бројот на семејства коишто не може да си го затоплат домот, коишто не може да ги платат трошоците на своите деца и коишто не може да обезбедат здрав оброк со месо за своето семејство.
Нема да дозволиме област како с.Црник којашто изобилува со пасишта и шуми, каде што има одлична можност за развој на сточарство и земјоделие, да нема услови за откуп на сирење, млеко, јагниња и сливи.
Доаѓа време на заштита и подобар и поквалитетен живот за најранливите.



