Шведска пратеничка -“бадијалчџика” направи скандал, играше Покемон во парламентот

од desk3
98 прегледи

Шведска пратеничка отвори јавна полемика, играјќи ја популарната игра Pokemon Go за време на отворањето на новата сесија на шведскиот парламент, пренесоа американските медиуми.

Додека премиерот Стефан Лев од Социјалдемократската партија го одржуваше традиционалниот говор на отворањето, неговата сопартијка Моника Грин дури успеа да пушти на Твитер слика на еден од ликовите од играта.

Тоа рашири веднаш критики кон неа, но таа ги отфрли со аргументот дека може да прави две работи истовремено – да го слуша говорот на премиерот, кој е прекрасен, и да игра.
На отворањето на парламентарната сесија присуствуваа шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав и неговиот син принцот Даниел.