„Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“ во Старата скопска чаршија

од Vladimir Zorba
143 прегледи

 

Пејчаот Тајзи и групата „Kida&Mozzik“ утревечер, во 21 часот на плоштадот Филип Втори ќе ги отворат годинашните манифестации „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“.zvuci_1

Во Старата скопска чаршија утре и задутре во рамки на манифестациите ќе бидат одржани концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети.

Организатор е Град Скопје кој за реализација на „Звуците на чаршијата“ издвои 900.000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.

Како што е најавено, свој настап ќе имаат и „Dens“, „Банд“, „Full Stop“, „DhurataDora“, „McKresa&Lirical son“, како и група млади музичари на класични инструменти.