Јункер: Ако доручкував коњак, јас уште ли ќе бев на функцијата?

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Претседателот на ЕУ, Жан-Клод Јункер ги отфрли гласините дека е алкохоличар, тврдејќи дека неговата прошетка изгледа како на пијан човек поради претрпената катастрофа, пишува “Дејли мејл”. 5066813
За време на интервју за францускиот весник “Либерасион” за разјаснување на прашањето, Јункер испи четири чаши шампањ. Но 61-годишниот поранешен премиер на Луксембург рече: “Верувате ли дека уште ќе бев на функцијата, ако доручкував со коњак?”. Шефот на ЕУ, исто така, рече дека гласините за неговото привлечност кон алкохолот му создавале семејни проблеми. Пред “Либерасион” Јункер рече: “Навистина ме тера да се чувствувам ужасно, па дури и ме  доведе до тоа, жена ми да ме прашува дали не ја лагжам, бидејќи не пијам кога сум си дома”. Јункер, кој исто така пуши многу, рече дека шушкањата  околу него како човек со проблем со пиењето започнале откако тој  се влечкал за време на состанокот на министрите на ЕУ. “Имам проблем со рамнотежата со левата нога, кој бара од мене да ја  користам оградата, кога одам по скалите.” И додава дека по ручекот  го фатил холандски министер за раката, а тој рекол дека Јункер е пијан. “Овој проблем доаѓа од сериозна несреќа. Во 1989 година бев три недели во кома, а потоа шест месеци во инвалидска количка. ” Јункер е познат со добродушност кој им  честиташе на  лидерите на самитите на ЕУ. Тој бакнува по главите некои лидери, а унгарскиот премиер Виктор Орбан беше  го зашамарил и поздравил со зборовите “Здраво, диктатор”. Во  врска  со ова Орбан вели: “Секогаш велам диктатор. Таков сум. Кога некој  ке се зеза  , веднаш станува луд или алкохоличар “. Францускиот новинар Жан Катрмер, кој  го зеде интервјуто рече дека Јункер мавнал  четири чаши шампањ за време на нивниот лесен ручек. И се сеќава како во времето кога Јункер беше премиер на Луксембург, тој испил последователно три чаши коњак на  крајот на исхрана, за време на кое не се лишил од прилично чаши бело вино. Гласини за лошата здравствена состојба на Јункер имаше и откако тој рече дека има камења во бубрезите, но веќе го беше решил овој проблем.