Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:
![goran-mihajlovski[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/goran-mihajlovski1.jpg)
Прво си помислив дека на лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да му се забрани да пишува на Фејсбук. Ама, после сфатив дека Заев решил да го бие Груевски со негов камен во патлиџан. Со популизам. Да ветува вработување за гласови.
Прво, објаснуваше дека новинарот Мухамед Зекири го вработил во СДСМ на плата. Па рече: „Па напушти работа и рекол политички се активирам да помогнам. Требаше да го оставиме без леб да му бидат децата!?“
Јасно е дека партиите се фирми. И дека добар кадар не треба да се пропушти. Ама, кога лидер на опозиција дава вакво образложение зошто вработил новинар што останал без работа за да работи на социјалдемократската идеја, зошто тогаш на Фејсбук не би му се јавила и ТВ водителката Нора Шаќири со прашање: „Да ме згрижи некој има?“ А Заев на Фејсбук спремно да ѝ одговори: „Секогаш можеш да сметаш на СДСМ. Повели Нора на кафе во партија!“.
Овие детали баш и не моравме да ги дознаеме. Ионака знаевме дека само две фирми вработуваат во Македонија.
Сепак – има разлика: Груевски решава проблеми со телефончето. Заев решава проблеми со Фејсбукот!
4 Додуша, кога ќе ми текне какви сè длабокоумни муабети и мисли споделуваше на Фејсбук поранешниот вицепремиер Зоран Стеврески од дружбите со Субрата Рој, ова кафето за Нора на Заев и не е толку спектакуларно. И тоа ќе го заборавиме.
5 Туку, што правиме ние што не сакаме да работиме во ниту една од овие две фирми? Што правиме ако не ни се пие кафе во партија, туку имаме многу поголеми очекувања и од себеси и од државата?
Тие што на време сфатија дека имале преголеми очекувања од оваа држава, си фатија џаде. Па сега имаат очекувања од некои други држави.
Што не значи дека не треба да се излезе и да се гласа на 11 декември.
Целата колумна на СДК на следниот линк.