За да стигне до 16-последователни победи во Ла Лига, Реал Мадрид ќе мора да победи на гостувањето на Еспањол без основните реализатори – Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Како што е познато, Велшанецот заработи повреда за време на победата од 2: 1 над Спортинг (Лисабон), и се очекува во следните две недели да не игра, бидејќи “кралскиот клуб” процени да не ризикува од порано со состојбата на Бејл.

Кристијано Роналдо е изненадувачки изоставен во Мадрид за гостувањето, но се покажа дека тој има грип и, за секој случај, Зидан проценил да не смета на него. Покрај тоа против Спортинг тој играше повеќе од предвиденото, па сега ќе добие кратка пауза пред преодниот круг следната недела.
“Кристијано го боли грлото и нема да патува со нас. Герет пак доби тежок удар во ногата и исто така нема да игра. Ни претстојат многу натпревари, играме на секои три дена и од таа причина нема да ризикуваме со никого”, изјави Зидан пред заминувањето .