Хуманитарна акција на фондацијата Трајче Мукаетов: Собрани повеќе од 1,3 милиони денари за лекување на бебето Мартин Мицев

од desk3
109 прегледи

Повеќе од 1,3 милиони денари се собрани на денешната донаторска акција што по шести пат ја организира Фондацијата Трајче Мукаетов.

alkaloid

Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на 18 месечно бебе на вработен во компанијата на кое му е дијагностицирана исклучително ретка болест ембриобластен тумор на мозокот.

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов вели дека денеска се собрало целото алкалоидово семејство да придонесе за лекувањето на бебето.

– Да молиме бога дека тоа ќе оздрави, ќе продолжи да расте и еден ден можеби ќе биде дел од „Алкалоид“. Ќе ја дадеме целата наша поддршка за Мартин да се излечи- изјави Мукаетов.

Бебето Мартин Мицев неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.