Бесплатен доручек по избор за бремени жени „Кај Македонецот“

Честитки за овој голем човек со големо срце! Новоотворената македонска фурна која се наоѓа на врвот на главната улица, веднаш ги освоила срцата на Крагуевац. Сопствениците и вработените одлучиле да посветат посебно внимание за идните мајки и бремените жени, со тоа што може да добијат по еден бесплатен оброк по свој избор дневно.
Одлична идеја која треба да биде пример и за останатите фурни и произведители на храна .