Во знак на протест две уметнички кои се дел од забранетиот перфоманс „Циклус на животот“ на битолскиот фестивал „Браќа Манаки“, се качија на сцената на церемонијата за свечено затворање на фестивалот и ги фрлија своите балетанки по што обезбедувањето ги изнесе надвор од сцената.
Оваа слика ја пренесе битолската телевијата ТВ Орбис. Протестниот гест следуваше откако во последен момент им беше соопштено на учесниците во овој перфоманс дека ќе биде забранет. Тие со протесно писмо вчера го осудија обидот за цензура, посочувајќи дека таа доаѓа по силен политички притисок од конзервативната јавност. Од управата на филмскиот фестивал ги демантираа ваквите обвинувања посочувајќи дека перфоманскот е откажат затоа што авторите планирале на сцена да остават отпад за кој ќе било потребно многу време да се исчисти. Перфомансот „Циклусот на животот“ во режија на Мартин Кочовски.