Некои се однесуваат со корупцијата како со дрогата: мислат дека можат да ја користат и да престанат кога ќе посакаат. Започнува со малку мала сума, тука рушвет, таму и така се губи сопствената слобода.

Ова го изјави поглаварот на Римокатоличката црква папата Фрањо пред илјадниците верници, кои се собраа на плоштадот “Свети Петар” во Ватикан денес, цитиран од “Франс прес”.
Според него корупцијата води до “привикнување” и создава сиромаштија и страдање.
“Сега, повеќе од кога било, имаме потреба од мир во оваа војна која е секаде во светот”, рече тој.