Лекиќ успешно го оперираше менискусот на коленото

од desk3
111 прегледи

Ракометарката на македонскиот шампион Вардар, Андреа Лекиќ имаше операција на менискусот на левото колено.

– Операцијата мина во најдобар ред и сега претстои периодот на рехабилитација. Се работи за хируршки зафат кој би требало да ја одвои од натпреварите во период од четири до шест недели, информираа од ЖРК Вардар.

hitportal-andrea-lekik

Од таборот на „црвено-црните“ додаваат дека увид во текот на рехабилитацијата на Лекиќ и кога би можела да почне со полесни тренинзи, ќе се има при првата контрола.

Вардар во средината на идниот месец ги стартува натпреварите во Лигата на шампионките, а сосема извесно е дека Лекиќ ќе пропушти два до три дуели./МИА