
Колумбискиот супермодел Натали Ринкон продолжува да биде најблизок човек до Кристијано Роналдо во последните месеци. За љубовната афера меѓу двајцата се зборуваше уште во почетокот на годината, но искрата продолжува да тлее и до денес, пишуваат жолтите изданија во Шпанија.
Токму Натали била утехата за носителот на Златната топка во долгите недели кои напаѓачот ги помина надвор од терените по завршувањето на Евро 2016 поради повредата која ја заработи во финалето на турнирот против Франција.
Јасно е дека Ринкон ги нема потребните знаења и дипломи, за да ја практикува медицинската професија, но сигурно умее се што се одразува позитивно на Кристијано.