90
По вчерашното укинување на мерката куќен притвор за градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески,од страна на Апелациониот суд, Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе поднесе жалба.
Апелациониот суд вчера ја уважи жалбата на одбраната на Талески и не му го продолжи куќниот притвор.
Во одлуката беше наведено дека мерката куќен притвор се укинува, а се определува мерка на претпазливост. Тој доби обврска да се јавува секој работен понеделник и петок кај овластено службено лице во Основениот суд во Битола.