Ципрас: Европа мора да се промени, се има потреба од нова визија

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Европа треба да се промени или ќе се соочи со егзистенцијална криза, која може да доведе до ќор сокак, пишува весникот „Катимерини“. ципрас горе глава

Ципрас го даде овој коментар синоќа по сребата на врвот на Унијата во Братислава, каде лидерите на 27 земји членки на ЕУ се собраа првпат по решението на Велика Британија да го напушти блокот.

Ципрас изјави дека има консензус за прашањето дека проектот за европската интеграција веќе не е извор на инспирација за граѓаните на ЕУ.

– Затоа Европа треба да има нова визија, истакна тој.

Како што објасни Ципрас, и покрај несогасувањата за мерките, кои треба да се преземат, идејата за социјално ангажиран дневен ред постепено добива на интензитет.

– Си заминувам од средбата со претпазлив оптимизам, дека нешто ќе се промени, заклучи грчкиот премиер.