Уште не се специјализирале за тендери!? Во Србија цвета праксата на „ситно” мито

од desk3
105 прегледи

 

 

Ал Џезира Балкан – Сараево

Глобалниот барометар на корупцијата, истражување кое го спроведе организацијата „Транспарентност Србија“ (ТС), покажа дека се проценува оти во Србија во последнава година имало речиси 374 случаи на ситна корупција и дека од 68 испитаници, кои имале контакт со некои институции, 22 отсто дале мито макар еднаш во последната година.

Како што покажале резултатите од тоа најголемо светско истражување за искуствата на граѓаните со корупцијата, тоа значи дека 15 отсто од вкупниот број граѓани дале мито.

Korupcija-mito-novac-mapa-korumpiranosti-620x350

Програмскиот директор на ТС. Немања Ненадиќ вели дека во тоа истражување се мери вистинското искуството за тоа колку луѓето подмитуваат и дека опфаќа податоци за реализираното мито.

Професор Владимир Гоати вели дека корупцијата, по невработеноста и нискиот стандард, за граѓаните е на високо трето место и се најголеми проблеми кои Владата на Србија треба да ги реши.

Наведувајќи дека целиот јавен сектор не е опфатен со истражувањето, туку само некои области, Ненадиќ нагласува дека Глобалниот барометар на корупцијата покажал дека 31 отсто испитаници во последната година дале мито на сообраќајната полиција, 14 отсто на некого во здравството, а 12 отсто за добивање на службени исправи.

Ситната корупција тешко се открива

Истражувањето покажало и дека седум отсто испитаници дале мито во областа на социјалното осигурување, шест отсто во основното и средно образование, а четири отсто во високото образование.

Кога станува збор за впечатокот на граѓаните за корумпираноста, 34 отсто сметаат дека корумпирани се директорите на компаниите и даночните службеници, 33 отсто сметаат дека тоа се вработените во органите на локалната управа и полицијата, 32 отсто велат дека тоа се судиите и државните службеници, 27 отсто сметаат дека тоа е претседателот, премиерот и народните пратеници, додека 20 отсто сметаат дека тоа се поповите.

Ненадиќ наведува дека проекција е оти ланската година во Србија имало речиси 374.000 случаи на ситна корупција, но дека всушност има многу повеќе.

Главен проблем е што ситната корупција не се открива, а мерките кои ги применувале државните органи, за сега се уште немаат ефекти.

Ненадиќ наведува дека граѓаните често одлучуваат да не пријават ситна корупција, како и дека истражувањето покажало дека 30 отсто граѓани сметаат дека корупцијата не се пријавува од страв од последици.

Уште поголем проблем е вели тој, што луѓето не веруваат дека со пријавување ќе придонесат за решавање на проблемот и што четвртина граѓани и не знаат на кого да се обратат.

Потребна е акција на државата

Ненадиќ смета дека тоа е причина за силна акција на државата за луѓето да се охрабрат да пријавуваат корупција, но не со разни спотови, туку преку конкретна акција на обвинителството и други тела, до крај да доведат секој пријавен случај за сомневање за корупција.

Истражувањето покажа и дека 44 отсто испитаници сметаат дека Владата на Србија лошо ја води борбата против корупцијата, додека 28 отсто сметаат дека Владата добро се бори против неа.

Ненадиќ вели и дека 40 отсто испитаници сметаат дека нивото на корупција не се намалило во однос на периодот пред четири години, 26 отсто сметаат дека дошло до намалување, додека 40 отсто не се изјаснуваат.

Истражувањето на директното искуство на граѓаните со корупцијата беше фокусирано на осум сектори, сообраќајната полиција, здравството, јавните служби кои издаваат службени документи, образовниот систем, судството (граѓанските парници), службите кои се надлежни за надомест за невработените и за други надомести во рамки на социјалното осигурување.

Во Србија теренскиот дел на истражувањето е спроведено од 26 ноември 2015 до 22 февруари 2016 година, на репрезентативен примерок од 1.508 испитаници.