Руската полиција уапси робот за време на демонстрациите на приврзаници на рускиот кандидат-пратеник Валери Калачев во престолнината Москва. Машината има име, се викаПромобот и е дело на истоимена руска компанија, соопштува научното издание Science Alert.

Според портпаролот на компанијата, пред да биде уапсен роботот собирал мислења на гласачи по бројни теми за понатамошно обработување и анализа од екипата на кандидатот за пратеник. Тоа, сепак, се видело неовластено од законот на учесник на митингот и се обратил на силите на редот. Во интервју за весникот Inverse претставникот посочи дека полицијата дури се обидела да стави лисици на машината.
Според сведоци “виновникот” не покажал никаков отпор при апсењето . Самиот Калачев изјави пред медиуми дека за неговата кампања работеле неколку роботи, кои се собирале мислења на гласачи. Сепак ова не е првото појавување на робот Промобот. Претходно во текот на годината тој стана познат со два обиди за бегство од лабораторија во која е чуван. При неговиот прв обид се покажа дека вработен во лабораторија не ја затворил добро вратата, при што машината успеала да излезе непречено на улицата и да оди речиси 40 метри пред да остане без батерии и да предизвика метеж.