Меси три седмици надвор од фудбалските терени

од desk3
100 прегледи

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси поради повреда добиена на синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид ќе отсуствува од терените најмалку три седмици, пренесуваат шпанските медиуми.

2111180471

Ѕвездата на каталонскиот клуб излезе во средината на второто полувреме поради повреда на бутниот мускул.

Меси ќе ги пропушти дуелите со Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, како и средбите од Примера со Спортинг и со Селта Виго.

Неизвесно е дали најдобриот светски фудбалер ќе закрепне до дербито во групата од ЛШ против Манчестер Сити закажано за 19 октомври.

Дуелот Барселона – Атлетико Мадрид заврши без победник 1:1./МИА