Ето беше изваден од составот на “Анталијаспор” поради изјавата против расизмот

од desk3
97 прегледи

Самуел Ето беше изваден од составот на “Анталијаспор”, поради пост на Instagram. Таа е напишана на турски и според запознаени, претседателот на клубот се почувствувал засегнат од него, бидејќи го обвини за расизам.

Поранешниот играч на “Барселона” ги објавува постигнувањата , но и долгиот текст кој не е адресиран кон никого.

zx450y250_2831553

“Ова е потсетување, бидејќи има луѓе кои не ме почитуваат, бидејќи сум црн. Но јас немам намера да паѓам на нивното ниво откако сум стигнал до тука. Во оваа игра сум од 18 години”, пишува Африканецот.

35-годишниот Камерунецот негираше дека го имал предвид претседателот на тимот Али Шафак Озтурк, кој го критикуваше неодамна Ето и неговата форма.

“Пораката ми беше насочено кон човек кој ме критикува со години неправедно, и го прави тоа, додека јас продолжувам да освојувам трофеи”, изјави фудбалерот.

Коментарот сепак не дошол на време, бидејќи по барање на претседателот, тој веќе беше изваден од групата на “Анталијаспор”.

“Никој играч не е над клубот. Секој да си го знае местото” беше краткиот коментар на Озтурк за случката.