Генерација на погрешен пат: Хрватските 15-годишници пијат, дуваат и се кокцаат

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

 

 

Хрватските тинејџери се на самиот европски врв според конзумацијата на алкохол и цигари, често посегнуваат по дроги за инхалација и нови психоактивни дроги, а се коцкаат за пари повеќе од просечните европски врсници, покажа новото истражување на ЕСПАД за 2015 година, кое го испитува ризичниот однос на 15 годишниците на подрачјето на Европа.slika-3

Во последните 20 години, колку што се спроведува ова истражување, забележан е пад на наведените пороци кај тинејџерите во многу испитани земји, но во Хрватска нема позитивни знаци.

Додека во Европа се забележува тренд на намалено пушење меѓу средношколците, кај нас децата се уште пушат цигари. Ние сме на второ место на скалата на ЕСПАД со 23 отсто 15-годишници кои секојдневно пушат, веднаш зад Бугарија, додека таквите во Албанија, Норвешка или на Исланд се помалку од пет отсто.

Во последниот месец, цигара запалиле околу 21 отсто 15-годишници во Европа, додека во Италија се 37 отсто, а во Хрватска и Бугарија 33 отсто, значи секој трет. Во Хрватска 38 отсто ученици никогаш во животот не пушеле, додека европскиот просек е 54 отсто.

Децата од цигарите биле одвратени со активни мерки против пушењето и зголемените цени на цигарите, оценуваат експертите. Поради тоа забраната за продажба на цигари на малолетници очигледно не дава резултати, бидејќи 72 отсто ученици изјавуваат дека лесно можат да се купат цигари.

Достапност до алкохолот

Додека на европско ниво конзумацијата на алкохол меѓу адолесцентите од 2003 година континуирано паѓа, Хрватска и натаму е на врвот со дури 92 отсто 15-годишници кои пробале алкохол. Секој втор испил некој алкохолен пијалок во последниот месец, а 16 отсто се опиле.

На петто место сме по ексцесивно пиење, т.е. конзумирање на пет и повеќе пијалоци во тек на едно излегување, што кај нас во последниот месец го направило секое второ момче, а европскиот просек е 33 отсто.

Алкохол во државите на ЕСПАД во последниот месец конзумирал секој втор средношколец, додека во Австрија, Бугарија, Данска, Хрватска и уште неколку држави процентот е поголем. Причината веројатно е и во достапноста до алкохолот, бидејќи во Хрватска 87 отсто ученици изјавуваат дека алкохолот е лесно достапен, додека во Европа таквите се 78 отсто.

И според конзумацијата на дроги сме над просекот, па 22 отсто ученици наведоа дека барем еднаш во животот пробале дрога. За разлика од остатокот на Европа, проблемот не ни е толку канабисот, бидејќи според неговата конзумација некаде сме во средина, но тоа се инхалантите и новите дроги.

Се коцкаат за пари

Средношколците ни се склони на коцкање, па така 19 отсто од нив во Хрватска се коцкале за пари во последната година, додека европскиот просек е 14 отсто.

Нашите тинејџери, покажа истражувањето на интернет еднакво се активни како и европските врсници, со тоа што девојките далеку повеќе време поминуваат на социјалните мрежи, а момчињата на онлајн игрите.

Сериозни последици

Во Хрватска секој петти ученик пробал канабис, 42 отсто тврдат дека може лесно да се набави, а помалку достапни ги сметаат екстазите, кокаинот, амфетамините…

Меѓутоа, имаме убедлив процент на деца кои пробале дроги за инхалација, дури секој четврти 15-годишник, додека во ЕУ процентот е седум отсто. Со седум отсто ученици кои ги пробале новите психоактивни дроги во форма на билна мешавина, прав, кристали, таблети, ние сме трети на скалата на ЕСПАД, а просекот на ЕУ е четири отсто.

Експертите предупредуваат дека сите истражувани пороци не се само фаза на растење, туку се сметаат за ризично однесување. Колку порано детето ќе почне со пушење, алкохол, дроги или коцкање, последиците велат ќе бидат многу посериозни