Виена организира мини европска средба за миграциската криза

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Барањето на заеднички пристап е главната цел на денешната средба во Виена на лидерите од земјите поврзани со миграцискиот пат низ Западен Балкан.lezbos-migranti

 

На средбата ќе учествуваат премиерите на  Австрија, Албанија, Германија, Грција, Хрватска, Македонија, Бугарија ,Србија, Словенија, Романија и Унгарија. Европската комисија ќе ја претставува комесарот за миграција Дмитрис Аврамополос, а на Самитот ќе учествува и претседателот на Советот на Европска унија Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел.. Учесниците на средбата ќе  ги споделат размислувањата и предлозите во врска со ситуацијата со миграцискиот  поток под закритила на  западнобалканскиот пат.

Иако тој беше затворен официјално во март оваа година,   досега над 20 000 мигранти се инфилтрирале во Европа низ него. Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт изјави дека на состанокот нема да се земаат конкретни решенија. “За нас е важно да се соберат земјите во линијата на Западен пат на масата за дискусија на состојбата и потребата од заедничко дејствување во иднина.

Нагласувам зборот  е “заеднички”. Тоа е смислата на оваа средба “, истакна германскиот портпарол.

Македонскиот премиер Емил Димитриев, чија земја одигра важна улога за справување со миграција поток, изјави дека средбата ќе биде важна за иднината на земјите од и покрај патот,  и за справувањето со бегалската криза. / РИА-Новости