Барса ја поддржа идејата за Супер-Светско првенство

од desk3
89 прегледи

Раководството на Барселона изрази поддршка за идејата на ФИФА да организира Суперсветско клубско првенство, кој ќе го замени Купот на Конфедерации и Светското клубско првенство.

Делегација на Барселона која беше предводена од претседателот на клубот Хосеп Марија Бартомеу се состана со претседателот на ФИФА Џани Инфантино и со Звонимир Бобан, кој работи на реализација на проектот.

638-397-hosep-mariia-bartomeu

Од Барселона ја изразија својата согласност за организирање на ваков вид турнир, кој ќе ги замени останатите две натпреварувања.

Тоа е можно да се реализира како проект од 2019 година. Во турнирот ќе земат учество меѓу 16 и 24 тима. Целта е финансиските приходи во трката да се приближуваат до оние кои се распределуваат меѓу тимовите во НБА и Премиерлигата. Новиот формат треба да ја добие својата реализација веднаш по Светското првенство во Русија.

Ако тимовите се 16, тие ќе бидат поделени по 4 во 4 групи. Ако се 24, тимовите ќе бидат распределени по 8 во 3 групи. Овие детали треба да бидат допрецизирани во наредните денови и да биде донесена одлука пред средбата, која ќе се одржи во октомври во Цирих. Во турнирот ќе земат учество барем осум европски тимви, а два од нив ќе бидат триумфирачки во последните две години во Лигата на шампиони. Осум тимви ќе има и од Јужна Америка, а последните две екипи кои го освоија Копа Либертадорес ќе добијатможност за учество во Суперсветовното клубско првенство. Останатите места ќе се пополнуваат спрема ранглистата на Европа и Јужна Америка. Можно е да се додадат и четирите шампиони на Азија, Африка, КОНКАКАФ и Океанија, а останатите четири места ќе бидат дополнети со тимови, кои ќе добијат специјални покани.

Суперстветското клубско првенство ќе го замени Светското клубско првенство и Купот на Конфедерации. Новиот турнир ќе се одвива на две години.

Целта е и клубовите кои ќе учествуваат на турнирот да распределуваат многу голема финансиска добивка од телевизиски права.

Новиот претседател на ФИФА Џани Инфантино е решен да ги модернизира турнирите. Токму за промените во различните турнири кои ќе бидат преземени, ќе се дискутира на средбата на Извршното биро на ФИФА на 13 и 14 октомври.