Почина режисерот Кертис Хансон

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Американскиот режисер и „оскаровец“ Кертис Хансон, почина на 71-годишна возраст, јавија американските медиуми.download

Хансон на јавноста и е познат како режисир на филмот „Осма милја” во кој главната улога ја имаше раперот Еминем.

Нецело десетлетие претходно, режисерот и сценарист доби „Оскар“ за најдобро aдaптиранo сценарио за филмот „Доверливо од ЛА”. Неговиот потпис стои и зад филмовите „Среќникот“, „Чудесни момчиња“…

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека лекарите го пронашле Хансон мртов во неговиот дом во Холивуд Хилс. Сегашните информации говорат дека тој починал од фронтотемпорална дегенерација.