Екипата од „Вил и Грејс“ повторно заедно

од Vladimir Zorba
59 прегледи

 

Премиерното емитување на телевизиската серијата „Вил и Грејс“ заврши пред повеќе од 10 години, но денес, една деценија подоцна, главните актери се повторно заедно, објави „Хафингтон Пост“.hitportal-vil-i-grejs2

Имено, Вил, Грејс, Карен и Џејк објавија заедничка фотографија на Инстаграм.

Шон Хејс, кој го играше Џејк, ја објави истата фотографија на својот Фејсбук профил, со придружен коментар „Ние сме семејство… сите мои сестри се до мене“.

Дебра Месинг (Грејс), која на сликата е во прегратка со Ерик Меккормак (Вил), исто така ја сподели фотографијата.

Хејс и Меган Малали (Карен), во серијата беа најдобри другари, а се чини дека и во приватниот живот се уште одлично се сложуваат.