Таа за влакно избегна напад од серискиот пренкстер Виталии Седуик, но се чини дека воопшто не била потресена бидејќи таа пак го привлече вниманието на себе по само неколку часа.
35 годишната старлета сподели топлес фотографија вчера оддавајќи почит на Париската модна недела со текстот: “Париски вибрации“.
На фотографијата таа носи долна облека со висок струк во мрежа и дебели фармерки, додека си ги покрива голите гради со рака.
Изгледа Ким не беше вознемирена од нападот, за разлика од колешката Џиџи Адид, бидејќи тој не е ништо ново за неа. Инцидентот се случува точно 2 години откако Седуик направи скандал пробувајќи да ја фати Ким на ревијата на истиот бренд во 2014.
(ФОТО) И на Ким Кардашијан ѝ се пушти напаѓачот на Џиџи Адид
Овој пат, за среќа беше запрен пред да ја допре ТВ ѕвездата и беше соборен на земја од нејзините телохранители.
