Сестрата на војвотката на Кембриџ Пипа Мидлтон веќе може да е мирна, откако Врховниот суд на Лондон забрани објавување на украдените слики од нејзиното телефонскиот iCloud . “Сан” и “Дејли мирор” открија минатата недела дека хакер се обидел да продаде 3 000 украдени слики од архивата на Пипа Мидлтон.

Украдените слики се нудат за 50 000 фунти (65 000 долари). Непознатиот продавач се поврзал со британски изданија, главно таблоиди, кои се најмногу засегнати од слики на претставници на британското кралско семејство. ПОради тоа Пипа Мидлтон и нејзиниот вереник Џејмс Метјуз поднеле барање во судот овие слики да не можат да бидат објавувани. На фотографиите, украдени од архивата на iCloud фигурират самата Војвотката на Кембриџ, а исто децата на Кејт и принцот Вилијам – принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Бидејќи се направени со помош на камерата на телефонот наПипа Мидлтон, на нив се запечатени исто моменти од свбитни т настани, во кои таа учествувала. Во својата одлука Врховниот суд забранува објавување на секоја слика или “други информации” од личниот профил на Пипа Мидлтон. Идентитетот на Хакерот не е сосема јасно утврдена. Полицијата во саботата објави дека уапсила 35-годишен осомничен, кој подоцна бил ослободен со кауција.