Тврдењата дека креаторот на Playboy “гасне” се покажаа како гласини

Во последните години Хефнер се жалеше на болки во половината, кои донекаде му ги ограничуваа можностите за самостојно движење. “Но, за своите 90 години тој се насладува на животот и до моментов учествува во секојдневните активности на списанието”, тврди еден од претставниците, соопшти Ројтерс, .
Сомнежите во здравјето ги изрази весникот “Њујорк пост” во колона посветена на гласините. Повикувајќи се на анонимни извори, весникот тврди дека лекарите почнале да стравуваат за животот на Хју Хефнер кој ослабнал до 40,8 килограми.
30-годишната сопруга на издавачот Кристал објави во социјалната мрежа Instagram свои слики од Париз, а нејзиниот сопруг го нема на фотографиите.Playboy беше основан во 1953 година и се смета за едно од најпопуларните машки списанија во светот. Таа се издава во над 30 земји.Оваа година Playboy го смени концептот “имајќи ја предвид новата генерација читатели”.