Од денеска алкохол ќе се продава до 19 часот

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Алкохолните пијалaци од денес во трговските објекти повторно ќе се продаваат од 6.00 до 19.00 часот, место до 21.00 часот.

Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21.00 часот важи од мај до крајот на септември.

За тие што нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции- забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.