Тренерот на Реал (Мадрид) Зинедин Зидан очекува тежок дуел утре против Ејбар. Двата тима ќе се соочат еден против друг во недела од 16:15 часот во средба од 7-то коло на Примера. “Кралевите” се во серија од три последователни реми и ќе бараат утре задолжителна победа.

Францускиот специјалист откри на денешната прес-конференција дека шпанскиот репрезентативец Иско ќе стартува утре од првата минута, иако во последно време ретко добива шанса за докажување.
“Ни претстои тежок судир. Противникот ќе се обиде да извлече нешто. Идејата е повторно да се вратиме на победоносниот пат и ќе се потрудиме тоа да се случи. Кристијано со секој изминат ден е се подобар. Добро е, има потреба да игра како и секој “, рече уште Зидан.
“Иско е многу важен за нас, ќе игра утре. Повикан е во репрезентацијата, иако во последно време не игра многу. Сега е во линија, нема болки и е важен за нашиот тим. Јас сум првиот кој сочувствува со Иско” , потврди Зизу на денешната пресконференција.