(ВИДЕО) Страшно! Убија боксер со нокаут

од desk3
91 прегледи

1475333949ddd

Шкотскиот боксер Мајк Таулал почина по натпревар, откако беше нокаутиран во петтиот круг од Дејл Еванс за време на дуелот во Глазгов.

Непоразен до овој момент 25-годишен боксер беше пренесен во болница по загубата каде часови потоа починал. Од здравствената установа посочуваат тешки мозочни трауми како причина за смртта.

Таулал остава жена и мало дете, а партнерката објави на социјалните мрежи дека секогаш ќе се гордее со постигнатото од него во рингот.