Млада Американка се омажи за својот дедо, без да знае за сродство нивната врска, објави “Мирор”, цитиран од агенциите. 24-годишната младоженка се венчаше за 68-годишен милионер пред три месеци, по кратка врска, почната во интернет просторот.

Таму тие се нашле со помош на агенција специјализирана во пребарување на партнери за возрасни мажи. По два разводи, тој заработил значително богатсво на лото. Таа пак работела како “егзотична танчерка”, откако забременила уште како ученичка и била исфрлена од родителите.
Релативно стандардниот заплет претрпе драматичен пресврт, кога парот седнал да ги гледа семејните албуми на младоженецот. Таму биле и децата од неговиот прв брак, меѓу кои … и таткото на неговата сопруга.
По откривањето дедото споделил пред “Флорида Сан пост” дека сликите на неговата сопруга и негова внука во профилот на сајтот му дошло “нешто како дежа ву” – таа му изгледала доста позната, но тој така и не се сетил каде.
Двојката одлучила да останат заедно, и по неочекуваните пречки.