Дипломци во затвор! Затвореници ќе добијат уверенија за пекари и бравари

од desk3
99 прегледи

На осудените лица кои завршија стручни обуки за занимањата пекар и изработувач на браварски производи во Затвор Куманово денеска ќе им бидат доделени уверенија, информира Управата за извршување на санкциите.

zatvor 2(1)

На доделувањето ќе присуствуваат официјални претставници од Управата за извршување на санкциите, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Министерство за образование и наука, средните училишта-провајдери на обуките „Наце Буѓони“ и „Киро Бурназ“, како и осудените лица кои успешно ги завршија стручните обуки./МИА