
Страшна несреќа сними безбедносна камера во градот Лопбури во Тајланд. На неа се гледа како мотористка го губи својот живот при сообраќаен инцидент. Камерата, сепак, снима уште нешто – мистериозната темна силуета, за кој во интернет веднаш се појавија тврдења дека е на душата на починатата, која се одвојува од телото во моментот на нејзината смрт, соопшти RT.Кадрите од инцидентот се навистина застрашувачки. Се гледа како дамата со мотоциклот се удира во пикап и се удира во столб. Нејзината смрт настапува речиси веднаш.
https://youtu.be/YuUGkW5rWtc
Веднаш до неа се појавува темна силуета слична на човечка фигура. на помош на настраданите притичуваат војници кои се наоѓаат во близина, при што едниот од нив “преминува” преку духот.
Според некои “душата” е само монтажа со фотошоп. Доста од интернет корисниците се револтирани од фактот дека клип со таква вознемирувачка содржина се шири на интернет.