(ВИДЕО) Малa шансa за Аргентина без Меси во битката за Светското

од desk3
68 прегледи

Аргентина и Перу одиграа со 2: 2 за светските квалификации во Лима. “Гаучосите” играа без ѕвездата Лионел Меси, кој е повреден, но го отворија резултатот во 15-тата минута со погодокот на дефанзивецот Рамиро Мори.

14758136722016-10-07t034454z-53220023-s1aeufnlryaa-rtrmadp-3-soccer-worldcup-arg-perjpg

Ветеранот Паоло Гереро израмни за Перу во 58-тата минута, но четвртина час пред крајот Игуаин повторно даде аванс на Аргентинците.

Авторите на првите два гола во натпреварот Мори и Гереро беа вмешани во последниот погодок на средбата, откако дефанзивецот го сопна напаѓачот во казнетиот простор, а Куева постигна за 2: 2 од пенал.

https://youtu.be/n63NgDmnzf0

Аргентина останува надвор од директните 4 места за пласман на Мундијалот во Русија и го зазема петтото место во групата, но е само со 4 поени (со натпревар помалку) од лидерот Уругвај.