Прозевањето го издава интелектот

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Начинот на кој се прозева човек, ги издава неговите когнитивни способности, пренесе “Daily Mail”.ca544088db7c24eeac4fb21e0fe235fd

Весникот се повикува на истражување на Универзитетот во Њујорк. Специјалисти дошле до овој заклучок откако спровеле студија на над 205 прозевки на 177 примероци од 24 различни вида и дошле до заклучок дека должината на прозевањето кај цицачите е поврзано со големината на нивниот мозок.

Се покажало дека глувците, стаорците, зајаците и лисиците зевале најкусо додека горилите, џибоните, моржовите, камилите, слоновите и луѓето имаат доста пролонгирани прозевки.

Д-р Ендрју Галуп, кој е психолог вели дека “прозевките не зависат од големината на телото, ниту од анатомските структури поврзани со процесот – черепот и вилицата. Горилата, камилите, коњите, лавовите, моржовите и африканските слонови зеваат пократко од човекот “.

Според зборовите на експертот, времетраењето на проѕевањето е поврзано со големината и сложеноста на мозокот.

Камилите и шимпанзата зевале околу пет секунди. Прозевките на африканските слонови траеле шест секунди, а човечките – во просек по седум секунди.

Научниците тврдат дека откритието би можело да помогне за разбирање на значењето на прозевањето.

Според актуелните анкети овој процес помага на човек да прими повеќе кислород. Исто така прозевањето покажува замор и му овозможува на мозокот да се излади.