Повеќето луѓе можеме да станеме магнетен за спротивниот пол ако развиеме некои основни карактерни црти. Магнетизмот освен попривлечни, ќе ни направи и насмеани.

Магнетните луѓе се позитивни, а во комуникацијата со нив многу ретко се среќаваат тешкотии.
Главните карактеристики на магнетизмот се:
1. Да ја следиш својата волја – главната препорака на блогерот е да се следи само она што го мислите за правилно, особено ако за тоа влијае и друг човек. Не плашете се да правите работи, ако мислите дека тие се потребни;
2. Не оговарајте и не правете избрзани заклучоци – вистинската комуникација со друг човек исклучува оговарање и заклучоци кои се засновани на површински набљудувања. Поставувајте прашања само за поважни идеи и теми;
3. Не ставајте никого на пиедестал – луѓето кои ја заслужуваат почитта сами ќе се издигнат во очи. Не треба вие да им додавате квалитети кои веројатно не ги поседуваат;
4. Охрабрувајте ги луѓето кои имаат потреба од тоа;
5. Биди позитивен – позитивен став и размислување значи дека треба да се избегнат негативните нешта во секојдневниот живот, не треба да се фокусиране целосно на минатото, кое не може да биде променето;
6. Прифатете ја својата уникатност – треба да се ослободите од идејата дека може да бидете некој друг и да престанете да се обвинувате за фактот дека не личите на друг човек;
7. Правете работи кои ве забавуваат;
8. Биди нежен;
9. Не настојувај секогаш да си во право – секој човек може да згреши и тоа е нормална работа на светот. Секој треба да ја прифати грешката и да ја признае;
10. Биди лојален – важно е да си искрен и верен на партнерот и пријателите;
11. Биди флексибилен – умот треба да е отворен за сите промени кои не чекаат. Тие ни помагаат да се развиваме како личности;
12. Верувај во себе – треба да се убедиме во своите можности, бидејќи само така ќе ги надминете пречките пред вас;
13. Верувај во своите соништа;
14. Пробај нови работи;
15. Имај надеж