Гвардиола и Мурињо се тркаат за младинец на Бенфика

од desk3
68 прегледи

Јуниорот на Барселона и актуелен фудбалер на Бенфика Алехандро Грималдо е една од главните трансфер цели, како на менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола, така и на тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

638-397-alehandro-grimaldo

Претставници и на двата клуба ги следат настапите на Грималдо, како во португалскиот шампионат, така и во дуелот од Лигата на Шампионите.

Сериозен интерес за 21-годишниот фудбалер има уште од страна на Валенсија и Јувентус.

21-годишниот фудбалер премина во Бенфика минатиот зимски преоден рок, а Лисабонски гигант плати 1,5 милиони евра на Барселона за него.

Ослободувачката клаузула која е запишана во договорот на Грималдо со Бенфика е 60 милиони евра.