Ердоган го зеде во свои раце блиндираниот Мерцедес! Возеше за да го отвори новиот тунел под Босфорот

од desk3
78 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прв се возеше низ првиот тунел, кој под Босфорот ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул, што е најновиот мегапроект во тој турски град.

На фотографиите, кои ги објави кабинетот на претседателот се гледа првото возење низ тунелот „Евроазија“. Ердоган вчера беше зад воланот на црн автомобил, на местото на совозачот беше премиерот Бинали Јилдирим, а со нив беше и министерот за сообраќај Ахмат Арслан.

image_5802412_126

– Денеска го изведовме последното пробно возење низ еден од историските турски проекти, рече Ердоган.

Изградбата на тунелот долг пет километри, на две нивоа почна во 2011 годјна. Тунелот за јавноста ќе биде отворен на 20 декември. Благодарение на тунелот од едната до дргугата страна на Истанбул наместо за 100 минути ќе може да се стигне за 15 минути.

Министерот Арслан изјави дека возачите употребата на тунелот „Евроазија“ ќе ги чини четири евра плус данок.

Проектот чинеше околу 1,25 милијарди долари./МИА