Серија земјотреси регистрирани во западна Турција

од Vladimir Zorba
90 прегледи

 

Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во западниот турски округ Маниса, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.земјоте

Епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Акхисар. Потресот е регистриран во 9.21 часот на длабочина 11,7 километри.

Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета при потресот.

Земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтер беше регистриран денеска и во северозападниот округот Јалова, соопшти Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили.
Потресот е регистриран во 00.22 часот во реонот на градот Чинарџик. Следеа вкупно 27 последователни потреси, кои траеа до 7.45 часот