Раководството на Барселона може да го амнестира дефанзивецот Алејш Видал, кој веќе неколку дуели не спаѓа во плановите на тренерот Луис Енрике.

Во саботата каталонците играат со Депортиво Ла Коруња, а досегашниот десен бек на Барса Серхи Роберто е повреден. Алејш Видал е логичен избор за функцијата, но е можно конфликтот со Луис Енрике да постави друг на функцијата.
Тренерот на каталонците ќе го има последниот збор за тоа не само дали Видал ќе игра против Депортиво, туку и дали воопшто ќе остане во тимот по зимската пауза.