“Девојката од возот“ завладеа со киноблагајните во САД

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Психолошкиот трилер “Девојката од возот” ги предводи благајните на листата на Северна Америка уште со премиерата, покажуваат статистиките. 5108161Базиран на истоимениот бестселер на британската писателка Паула Хоукинс, филмот заработил 24,5 милиони долари само во првите денови на премиерата и покрај мешаните критики на критичарите и очекувањата за неуспех.

Заплетот се врти околу приказната на Рејчел Вотсон (во улогата исклучителната Емили Блант) – разведена алкохоличарка која секој ден се качувала на возот по истиот здодевен пат, запазувајќи ист монотон начин на живот, но еден ден ќе дојде до промена – за време на патувањето Рејчел гледа нешто шокантно. И веќе не е само набљудувач.

“Девојката од возот” дури успеа да ја симне од првото место новата мрачна приказна на Тим Бартон “Домот на Мис Перигрин за чудни деца”.