Реал (Мадрид) го претстави проектот за новиот стадион “Сантијаго Бернабеу”. На специјално организиран настан шефот на кралскиот клуб Флорентино Перез и Мануел Кармен (претставник на градската управа) ги презентираа главните моменти поврзани со реконструкција на објектот.

Перез објасни дека ќе има одредена промена и во името на стадионот. Тој, сепак, појасни дека не станува збор за животно преименување, туку се однесува за додавање на фирмата која ќе го спонзорира проектот кон досегашното име – “Сантијаго Бернабеу”.
Според планот поправките треба да започнат во 2017 година. Не се предвидува зголемување на капацитетот. Овој е 85 454 места.
Според првичните пресметки ќе бидат инвестирани 400 милиони евра.