Македонија се пласира на Европското фудбалско првенство

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 

Младата фудбалска репрезентација обезбеди пласман на европското првенство за играчи до 21 година кое следната година ќе се одржува во Полска.proslava-1-preview

Вечерва на исполнетата арена „Филип Втори“, пред повеќе од 15 илајди гледачи избраниците на селекторот Бобан Милевски ја совладаа Шкотска со 2:0. Големиот успех на црвено-жолтите го најави Кире Маркоски во 18., а потврди Барди со гол 4 минути подоцна. Но благодарени и на триумфот на Украина на гости против Исланд со 3:2, македонската млада репрзентација го освои првото место во третата квалификациска група и се пласира на завршницата на европскиот шампионат.

Ова е  првпат Македонија да се пласира на големо фудбалско натпреварување како што е континенталното првенство.

Нашата селекција одигра паметно и знаеше како да ја задржи сигурната предност од првиот дел и само го приведе натпреварот до крајот.

„Со оваа победа, но и со сите прикажани партии во квалификациите, докажавме дека Македонија има талент и дека тука може да се игра фудбал. Ова не е најважниот натпревар во македонската историја, сите десет кои ги одигравме во овие квалификации беа еднакво важни. Секој натпревар беше клучен. Напорно работевме во текот на целиот квалификациски циклус, момците дадоа сè од себе и го заслужија ова што им се случува сега. Има време за ЕП во Полска, ќе се подготвиме добро, и верувајте дека и таму ќе барам да одиме на победа на секој натпревар. Ова е најголемата награда за трудот што го вложија овие момци“, изјави по мечот селекторот Благоја Милевск

https://youtu.be/rdhqHB1GyFU