Ердоган истакна дека ирачкиот премиер „не му е ниво“ , a тој си знае каде му е местото

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

Турција не може да биде исклучена од евентуалната операција за преземање на ирачкиот град Мосул, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и додаде, дека ирачкиот премиер треба да знае „каде му е местото“. erdogan1

Ердоган истакна дека, турската војска нема да се повлече од базата во близина на Мосул и нема да прима наредби од Багдад.

„Не си ми соговорник, не си ми на ниво, не си ми еднаков, не ги имаш истите квалитети како мене“, велеше Ердоган во неговиот говор, упатувајќи зборови кон ирачкиот премиер Хајдер Ал Абади.

Односите меѓу двете земји се влошија, откако Анкара кон крајот на минатата година  испрати војска во регионот Башика со цел да обучува војници кои ќе се борат против Исламската држава.

Иран го нарече тоа „јавно нарушување“ на суверенитетот и побара повлекување на турските сили.

По тоа прашање, САД се огласија вчера.

– Сите странски сили кои се наоѓаат на територијата на Ирак, треба да дејствуваат со дозвола на властите во земјата и да ги координираат дејствијата со нив, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Претходно, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади потенцира дека Ирак нема да им дозволи на турските воени сили да учествуваат во операцијата против ИД во Мосул.

Турција наведе дека во Башика се распоредени стотици нејзини војници, кои обучуваат над 3.000 Туркменистанци, Курди и сунитски Арапи.

Според нејзините податоци, од нападите извршени од базата, до сега се убиени околу 700 војници на ИД